ВИДЕО (18+) | КАКОВ СРАМ – Репортер во живо случајно вклучил погрешна камера и го покажал голото тело на неговата љубовница додека таа се облекувала во хотелската соба

Хуан Франциско Руеда, еквадорски новинар кој од неговата медиумска компанија бил испратен во Буенос Аирес да го следи фудбалскиот натпревар помеѓу Аргентина и Еквадор, се ставил себеси во непријатна ситуација среде известување во живо и ненамерно им открил на сите дека има женско друштво во неговата хотелска соба.

Репортерот на Radio Sucre во еден момент случајно ја вклучил задната камера на мобилниот телефон, па во кадар влегла и девојката во разголено издание.

Иако првично во одредени локални медиуми се појавиле информации дека Хуан Франциско Руеда ја понел љубовницата со себе на патувањето, во меѓувреме се пишува дека во собата всушност му правела друштво Ромина Риера, спортска новинарка со која е во врска.

Ромина Риера на својот Твитер профил ја претвори незгодната ситуација во шега, а објави и фотографија од детството на која позира и во крпа.

Има некои работи во животот кои никогаш не се менуваат“, напишала таа покрај објавата.