Русинка направи торта во боите на Украина. Таа е казнета за „дискредитација на армијата“

ОТКАКО Владимир Путин испрати војници во Украина во февруари 2022 година, руските власти забранија каква било јавна критика за „специјалната воена операција“. Вчера, окружниот суд во Измаилово во Москва и наложи на пекарката Анастасија Чернишева да плати казна од 35.000 рубљи (околу 395 евра) за „дискредитација“ на руската војска, изјави претставник на судот за АФП.

Имено, на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 25.000 луѓе, Чернишева објави слики од шарени колачи со антивоени пораки или во боите на украинското знаме, заедно со други фотографии од торти со натписи „Љубовта ќе победи“ или „Јас те сакам!”. Властите накратко ја приведоа во четвртокот, откако ултраконзервативен медиум го привлече вниманието кон неа во јануари.