ИНТЕРЕСЕН ИЗБОР – На картата се прикажани најпопуларните јадења од европските земји: Дали се согласувате со изборот за Македонија и земјите од регионот?

Интересна мапа споделена на Фејсбук страницата Terrible Maps го прикажува најпопуларното јадење во земјите од Европа, а „претставникот“ на Македонија е сосема очекуван.

Најпопуларно јадење во Македонија е тавче гравче.

Додека најпопуларно јадење во Босна и Херцеговина се ќебапите, кои во мај најдоа место на листата на најпознати јадења ширум светот. Исто така, Taste Atlas ги смести на 45-то место на листата на најдобри јадења во светот.

Во мапата ја наведува плескавицата како најпопуларна во Србија.

Во Словенија се издвојува пршутата.

Пица беше наведена за Италија, паела за Шпанија и донер за Турција, а овие резултати предизвикаа бројни коментари на страницата „Terrible Maps“, каде многумина не се согласуваа со изборот. Многумина изјавија дека тоа се всушност најпопуларните јадења меѓу туристите.