Интер Мајами ноќеска загуби од Синсинати (0:1) во натпреварот од регуларниот дел од сезоната во МЛС.
По овој пораз Интер Мајами ги загуби шансите за пласман во плејофот. Тимот со 33 бода е на 14. место во Источната конференција. Заостатокот од 9. место на два меча пред крајот на регуларниот дел е недостижни седум бода.
На натпреварот против Синсинати одигран во Форт Лодердејл, како замена во второто полувреме влезе Лионел Меси. Триесет и шестгодишниот Аргентинец нема играно од 21 септември поради повреда.