По потписот на Лионел Меси, челниците на Интер Мајами во следниот период сакаат да доведат уште две големи ѕвезди на европскиот фудбал – пред се Серхио Бускетс, потоа Анџело Ди Марија.
Изминативе месеци многу се зборуваше за иднината на Меси. Веќе некое време се знаеше дека ќе го напушти Пари Сен Жермен, а главните две опции беа враќање во Барселона или рекорден договор кој пристигна од Саудиска Ал-Хилал.
Сепак, Аргентинецот заврши на целосно трето место, во Соединетите Американски Држави. Негов нов клуб е Интер Мајами, со кој потпиша договор и таму ќе се натпреварува во МЛС лигата.
Станува збор за клуб чиј прв човек е познатиот англиски репрезентативец Дејвид Бекам. Покрај сопственичката позиција, Бекам е и претседател на клубот во Интер Мајами, а покрај него клубот го водат Хорхе и Хозе Мас.
Покрај Меси планираат да донесат уште неколку засилувања во своите редови, а Фабрицио Романо открива дека прва желба на клубот сега е поранешниот играч за врска на Барселона, Серхио Бускетс и дека неговиот потпис е приоритет на овој тим. Заедно со него, се наведува, Интер Мајами сака да го доведе и Анџело Ди Марија, играч на кој му истече договорот со Јувентус и кој исто така може да се приклучи на овој тим како слободен играч.
Исто така, сакаат да доведат уште еден Аргентинец – Леандро Паредес, а се споменува дури и доаѓањето на Луис Суарез.
Што се однесува до Интер Мајами и нивните резултати, ситуацијата во моментов не е сјајна. Тимот губеше еден по друг пораз и е на последното место во Источната конференција на МЛС лигата.