Интер Мајами не смее да објавува лоши вести поради навивачите! Без Меси до крајот на годината!

Аргентинецот се уште е тешко повреден, а го чека подолга пауза

Фудбалерот на Интер од Мајами, аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси е тешко повреден и најверојатно нема да се врати на терените до крајот на годината!

Оваа информација се уште е неофицијална, а причина за неа е, како што може да се слушне, тоа што навивачите на Интер купуваат билети за да го гледаат Меси во живо, а не навиваат за тимот од Мајами.

Затоа клубот се уште не соопштува ништо, а некои информации говорат дека на Меси му била дијагностициранo кинење на тетивата од 2 сантиметри при магнетна резонанца, што значи дека сезоната во МЛС за него е завршена.

Ова е лоша вест и за Аргентина бидејќи се очекува нивната репрезентација да игра против Парагвај, Перу, Уругвај и Бразил, а сите ќе ги играат без Меси.