ИНТИМЕН ОДНОС ВО МОРЕ ИЛИ БАЗЕН – ДА ИЛИ НЕ? Еве што треба да имате со себе и кои СИМПТОМИ ПОСЛЕ не смеете да ги почувствувате!

Еве се што треба да знаете за интимноста во вода!

Сите кои еднаш пробале интимнeн однос на отворено велат дека ваквите игри ја „зачинуваат“ секоја врска. За возбудата придонесува и тоа што е забрането на јавни места. Доколку страста сè уште преовладува, треба да знаете дека уживањето може да ви го расипат навидум банални работи – комарци или песок на плажа.

На некој скриен дел од плажата задолжителна е крпа за песокот да не допре до гениталиите и да предизвика иритација на женскиот генитален орган . Задолжително исплакнете го. Интимната врска во море или базен има свои предности, но и недостатоци. Иако морската вода не може да го уништи кондомот, студиите се согласија дека хемикалиите како што е хлорот може да предизвикаат негово слабеење. Ова може да ги направи помалку сигурни.

Кондомите, доколку ги користите, може да ослабат од маснотиите од кремите за сончање, а поради послабо подмачкување при интимни односи во вода, можат и да се скинат, пишува 24.hr. Дополнителна закана е тоа што се лизга, особено ако водата доаѓа од внатре и од гениталиите. Често се случува луѓето да не се ни свесни за тоа.

Сепак, жените се нешто поподложни на инфекции за време на интимниот однос во вода поради нивната анатомска структура, па затоа се изложени на поголем ризик од сексуално преносливи болести. Ако по сексуалниот однос почувствувате силна, постојана желба за мокрење, болка при мокрење, грчеви или треска, контактирајте со вашиот лекар кој најверојатно ќе ви препише антибиотици.