Во Центарот за јавно здравје пријавени се девет случаи на ученици заразени со салмонела од општина Карпош во Скопје. Станува збор за учениците од основните училишта „Владо Тасевски“, „Јан Амос Коменски“, додека еден случај пријавил „Војдан Чернодрински“. Според информациите на родителите, станува збор за најмалите деца, ученици од прво до трето одделение. Салмонелозата е болест која се пренесува преку храна која најчесто се поврзува со консумацијата на јајца и е значаен јавно здравствен проблем.