Инфлуенсерката ги налути луѓето со бизарна креација на главата, погледнете го видеото

Филипинската инфлуенсерка Аби Домер Сале се најде на удар откако била забележана како носи живо пиле во метален кафез?!

Таа шетала по улиците на Манила со бизарна креација на главата, а најбурно реагираа бранителите на правата на животните кои ја обвинија за „суровост“.

Се верува дека нејзината креација е инспирирана од јапонската култура Каваи , која стана многу популарна во Југоисточна Азија во последниве години.

Слични трендови веќе постојат во светот, а во нивната наједноставна форма вклучуваат носење украсна пластика или полнети пајчиња на главата, пренесува Oddity Central.

@sakuramardy

TUNAY NA SISIW UNG KNYA HAHAH MAKITA SANA NI KEN ASTIG PANALO N TO #ken #sb19 #sb19ken

♬ original sound – MARDY A’TIN 🇵🇭 – MARDY A’TIN 🇵🇭

Сепак, инфлуенсерката отиде чекор понатаму, а нејзините видеа се појавија на социјалните мрежи .

„Тоа е суровост кон животните“, напиша едно лице, а друго додаде: „Се надевам дека пилето е сеуште живо“.