Инфлуенсерка се снимила како собира ѓубре а кога завршила со видеото го оставила и ѓубрето

Вирално видео кружи на социјалните мрежи на кое се гледа како инфлуенсерката го собира ѓубрето од плажа во Австралија a откако го завршила снимањето на видеото го оставила ѓубрето од каде го собирала.

На видеото се гледа како русокоса девојка, чиј идентитет не е познат, го собира ѓубрето од плажата и го става во вреќи додека нејзината пријателка ја снима. Таа потоа приреди вистински настап преправајќи се дека се бори со ветрот додека носи тешки вреќи со ѓубре, а за финалето триумфално танцуваше горда на својата „напорна работа“.

Меѓутоа, кога завршило снимањето, таа решила да го остави ѓубрето таму каде што го нашла бидејќи, добро, повеќе не и треба за потребите на снимањето.

Видеото предизвика гнев кај луѓето, а следеа бројни коментари. „Наместо да го собере ѓубрето, оставила и пластични кеси на плажа“, „Се правиш дека чистиш ѓубре за лајк, срам да ти е“ и „Заборави дека некој те гледа“, се само дел од многу коментари, пишува Индекс.