Полицаец пукал во израелски туристи во Египет, има мртви (ВИДЕО)

Еден турист е убиен, додека некои медиуми тврдат дека загинале две лица

Египетски полицаец отворил оган во автобус со израелски туристи во Александрија при што загинале две лица, Израелец и Египќанец, соопшти МВР.

Медиумите јавуваат дека уште едно лице е рането, додека еден полицаец е уапсен.

Безбедносните сили брзо ја опколиле областа каде се случила пукањето, а возилата на брзата помош ги префрлиле туристите во болница.

Според АП, Египет склучил мир со Израел пред неколку децении и долго време служел како посредник во израелско-палестинскиот конфликт. Сепак, антиизраелските струи се уште се силни во земјата.