Инцидент во Белгород: Падна дрон на руски аеродром во близина на украинската граница

Беспилотно летало се урна на аеродромот во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави денеска претставник на службите за итни случаи.

-Дронот се урна вчера попладне, а оградата на аеродромот е малку оштетена, изјави тој за руските медиуми.

Според првичните информации во инцидентот нема повредени.

Околностите на инцидентот ги истражуваат службите за итна помош.

Аеродромот Белгород е затворен од 24 февруари 2022 година како дел од режимот за ограничување на летовите во јужниот и централниот дел на Русија.

Украина повеќе пати го гранатираше овој регион, а целата територија има висок степен на опасност од терористички закани.