Хеликоптер во кој се наоѓаше иранскиот министер за спорт се урна денеска во градот Бафт во јужната провинција Керман, а во несреќата загинал еден од неговите советници, јави агенцијата ИРНА.
Повредени се 16 лица, меѓу кои и министерот Хамид Саџади и четворица членови на екипажот.
Несреќата се случила кога хеликоптерот слетал на стадионот во Бафт.
Во Иран, кој е под санкции, имаше неколку воздушни несреќи во последниве години, а официјалните лица се жалат на потешкотии во набавката на резервни делови за одржување и модернизација на застарените летала, пренесе Бета