Иран зароби странски брод кој превезувал два милиона литри шверцувано гориво

Иран зароби странски брод кој превезувал два милиона литри шверцувано гориво во близина на пристаништето Бушер на југот на земјата, јави денеска иранската новинска агенција Тасним.

Цените на горивата во Иран се меѓу најниските во светот поради големите субвенции и ниската вредност на националната валута. Како резултат на тоа, иранските власти се борат со широко распространет шверц на гориво по копно во соседните земји и по море до арапските држави од Персискиот Залив.