Новак Ѓоковиќ проговори по финалето на Австралија опен, испрати порака на италијански

Италијанскиот тенисер Јаник Синер за првпат во кариерата го освои Австралија опен, бидејќи денеска во финалето во Мелбурн го совлада Русинот Данило Медведев со 3:6, 3:6, 6:4, 6:4, 6:3.

Недолго по натпреварот, Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи и испрати порака и до победникот и до Данило Медведев.

Ноле му честиташе на Синер на италијански, а што се однесува до Русинот и на него имаше што да му каже.

– Одличен труд Данило! Денеска немаше среќа, но имаше прекрасен турнир – изјави Ѓоковиќ.