Иран најави дека ќе формира поморски сојуз со земји од Заливот

  Иран, Саудиска Арабија и три други земји од Заливот планираат да формираат нов поморски сојуз, објавија денеска иранските медиуми. Преостанатите три земји од Заливот кои ќе учествуваат во алијансата се Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин.

Покрај тоа, во алијансата се планира да учествуваат и Ирак, Индија и Пакистан.

„Земјите од регионот денес сфаќаат дека само со меѓусебна соработка можат да ја гарантираат регионалната безбедност“, се вели во соопштението на командантот на иранската морнарица Шахрам Ирани.

Командантот на иранската морнарица не даде детали каков точно ќе биде механизмот на дејствување на алијансата, но истакна дека таа ќе биде формирана наскоро.