Иран: Погубени пет лица осудени на смрт поради силување

– Пет лица осудени на смрт за силување се погубени во градот Маранд, во иранската покраина Источен Азербејџан.

Главниот обвинител на градот Маранд, Јусуф Зија Мехр, објави дека пет лица осудени на смрт за силување се погубени, јави новинската агенција на иранското правосудство „Мизан“.

Мехр изјави дека осудените биле уапсени во мај 2022 година врз основа на тужба на една жена, по што пред судот го признале своето дело и се осудени на смрт.

Иранскиот обвинител извести дека погубувањата биле извршени откако одлуката на судот ја потврдил и Врховниот суд.