Албанец вмешан во убиството на навивачот! Грчките медиуми открија нови детали од хаосот! Списокот на осомничени е намален на 13 лица

Иако поминаа три дена од убиството на Михалис Кацурис, 29-годишен навивач на АЕК Атина, грчката полиција сè уште не знае кој е одговорен за неговата смрт.

Локалните медиуми денеска открија нови информации од истрагата. Најпрво беа осомничени некои навивачи на Динамо, а потоа некои портали објавија дека главниот осомничен е всушност грчки државјанин, односно навивач на Панатинаикос, кој е во братски односи со Бед Блу Бојс од Загреб.

Но, грчката полиција сè уште нема конкретно лице за кое смета дека го извршило ова кривично дело. Поточно, полицијата го скрати списокот на осомничени на 13. Меѓу нив има тројца Грци, девет Хрвати и, што е ново, еден Албанец.

Доказите што ги пронашла полицијата укажуваат дека Албанецот во точното време кога се случило бил на локацијата каде што се случило убиството.

Дополнителна отежителна околност е тоа што кај него пронашле мал нож.

Меѓутоа, медиумите засега не знаат дали тој нож бил оружјето што било употребено во злосторството.

Не е прецизирано дали се работи за навивач, и ако е така, на кој клуб.

Ггрчката полиција во моментов води истрага од три дела. Едниот е преглед на снимки, вториот е прегледот на генетскиот материјал и третиот е проверка на мобилните телефони.