Иран ја предупреди Америка: Овие два брода ни случајно не ги напаѓајте

Иран издаде предупредување до САД за потенцијалното таргетирање на два товарни брода на Блискиот Исток за кои долго време се сомневаат дека служат како бродска база за операции на иранските командоси.

Предупредувањето доаѓа веднаш откако Америка и Обединетото Кралство започнаа масовна кампања на воздушни напади против јеменската бунтовничка група Хути.

Бродовите „Бехшад“ и „Савиз“ се регистрирани како комерцијални товарни бродови кај компанијата со седиште во Техеран, која американското Министерство за финансии ја назначи како фронт за националната бродска компанија на Иран.

„Савиз“, а подоцна и „Бехшад“ со години пловеле во Црвеното Море во близина на Јемен, а се осомничени дека служеле како шпионски бродови за иранската паравоена револуционерна гарда. Во видео-изјавата на иранската војска, овие бродови за првпат беа опишани како „пловечки оклопи“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Војската го карактеризираше Бехшад како помош за мисијата на Иран за „спротивставување на пиратеријата во Црвеното Море и Аденскиот Залив“.