Ирина Шајк безмилосна: Го остави и Брејди

Кратката романса меѓу Том Брејди и Ирина Шајк, според таблоидот ТМЗ, заврши.

Гласините за врската на поранешниот бек и познатата манекенка се проширија летово кога убавата Ирина, поранешната вереница на Кристијано Роналдо, наводно ја поминала ноќта со Брејди во Лос Анџелес.

Потоа се пишуваше дека се видени како заедно заминуваат од истиот хотел во Англија, каде славниот Американец неодамна стана малцински сопственик на фудбалскиот клуб Бирмингем.

Сепак, последните информации во медиумите велат дека парот се разделил бидејќи и двајцата многу патуваат низ светот и ретко се во ист град.

Како дефинитивен доказ дека љубовта е завршена, медиумите посочуваат дека Ирина неодамна на интернет објавила фотографија од нејзиниот поранешен љубовник, актерот Бредли Купер.