„КОЈ НЕ ЈА ЗНАЕ, СКАПО ЈА ПЛАЌА“ Трајко Славески го коментира изборот на Данела Арсовска во Глобалниот парламент на градоначалници


Некаков си Глобален парламент за градоначалници, во кој Данела Арсовска била избрана за член на Управен одбор, треба да објасни што очекува од жената која осум месеци не се појавила на седница на Управен одбор на ЗЕЛС – напиша Трајко Славески.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески со статус на социјалните мрежи ја коментираше веста дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е изрбана за членка на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници.

„Некаков си Глобален парламент за градоначалници, во кој Данела Арсовска била избрана за член на Управен одбор, треба да објасни што очекува од жената која осум месеци не се појавила на седница на Управен одбор на ЗЕЛС, чиј претседател беше се до нејзината смена“ – напиша Славески на Твитер.