Мажите од ова племе својата сопруга ја отстапуваат на гостите: Тоа е основно гостопримство кое не се одбива, сексуалниот однос со странци е знак на учтивост

Чудните правила кои постоеле и постојат во племето Химба го прават едно од најинтересните племиња на планетава. Веќе имаме пишувано за тоа како жените Химба се грижат за себе, и како нивната кожа е мирислива и мека и покрај тоа што не се капат.

Денес се фокусираме на нивниот обичај кој е шокантен за остатокот од планетата. Имено, сексот со странци за ова племе е знак на учтивост и нема поврзаност со емоции и физичка привлечност.

Во документарецот на телевизијата „African History“, било дадено следново објаснување: „За народот Химба, кога мажот ја дава на располагање својата жена за секс на непознати посетители, тоа се смета за највисок облик на гостопримство“.

Овој необичен обичај покажува „топло добредојде“ на странците и ја елиминира сексуалната љубомора што може да влијае на браковите.

Жените имаат голема одговорност меѓу Химба. Тие имаат тенденција да работат поинтензивна работа од мажите и момчињата во племето, како што се грижат за добиток и одржување на традиционални куќи од црвена глина, како и готвење, чистење и грижа за децата.

Химба културата е релативно отсечена од остатокот на намибиското општество. Се проценува дека 50.000 луѓе од Химба живеат многу традиционален живот, а една мала група има начин на живот на ловци-собирачи кој не се променил десетици илјади години.

Мажите во племето обично имаат две сопруги, но генетското тестирање на група примероци покажува дека повеќе од 70 отсто од мажите Химба одгледуваат најмалку едно дете чие татко е друг маж.

Се вели дека разводот е многу лесен за жените Химба и воопшто не е невообичаен.

„Да се има дете вонбрачно не се смета за голем проблем“, се вели во документарецот, а секое дете има „социјален татко“ кој ќе помогне во воспитувањето.

Меѓу племето Химба, размената на сопруги е традиција која постои со векови. Според вековната традиција, мажот може да и дозволи на својата сопруга да спие со секој маж кој сака да преноќи во неговиот дом. Додека посетителот убаво се забавува со сопругата, се очекува сопругот да преноќи во друга соба.

Но, овој древен начин на живот е под закана. Како што западните влијанија се шират низ Намибија, децата Химба се срамат од својот „заостанат“ начин на живот и одат во градовите да ја најдат својата среќа.