Четврток е неработен ден за јавната администрација во Скопје

Врз основа на заклучоците донесени на 199. седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14.11.2023 година, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека јавната администрација во град Скопје во среда ќе работи скратено, додека во Четврток нема да работи.

„Сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на град Скопје на 29.11.2023 година (среда) ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, додека 30.11.2023 година (четврток) е определен за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на град Скопје. Нема да се работи истиот ден.

Оваа одлука важи и за основните и средните училишта во подрачјето на Скопје, но потенцираме дека не се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на град Скопје.

Ве известуваме дека тие мора да развијат свои планови кои ќе овозможат нормално функционирање на институциите. Се препорачува општините на град Скопје и градот Скопје да ги спроведат заклучоците“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Воедно, додаваат оттаму, се препорачува приватниот сектор на подрачјето на Град Скопје, а особено на подрачјето на општина Карпош и општините кои гравитираат кон „Борис Трајковски „Спортскиот центар и хотелот „Александар палас“ ги спроведуваат препораките.