Земјотрес го стресе Тајван

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван, соопшти тамошната метеоролошка служба. Во соопштението се наведува дека зградите накратко се треселе и во главниот град Тајпеј, но нема извештаи за материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил во округот Хуалиен, на длабочина од 22,4 километри.

Тајван лежи во близина на спојот на две тектонски плочи и често е погодуван од земјотреси. Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотресот во 2016 година во јужен Тајван, додека во земјотрес со јачина од 7,3 степени во 1999 година загинаа околу 2.000 луѓе.