Ирскиот премиер Лео Варадкар се повлече од функцијата, објави денеска ирската државна телевизија RTE.
Варадкар се очекува наскоро тој веста да ја објави на прес-конференција, пренесе ДПА.
Варадкар, исто така, треба да се повлече и од функцијата лидер на политичката партија Фин Гаел, се наведува во извештајот на ирската телевизија.
Според информациите, ирската влада се состанала утрово за прв пат по поразот на референдумот за уставни измени одржан на 8 март.
Граѓаните гласаа за две измени на Уставот – да се отстрани дефиницијата според која бракот е „темелот на кој се заснова семејството“ и да се замени текстот со зборовите дека семејството може да се заснова на „брак или друго долгорочно односи“, додека втората предложена промена се однесуваше на улогата на жената во домот како „темел на општеството и државата“.
Избирачите на референдумот ги отфрлија и двата предлога.
Варадкар по референдумот рече дека ирската влада го прифатила резултатот и дека „целосно ќе го почитува“.
– Како шеф на владата и во име на владата ја прифаќам одговорноста за резултатот – изјавил тогаш Варадкар.