“ИСЛАМСКИОТ ТЕРОРИЗАМ СЕ ВРАЌА!“ – Емануел Макрон со драматична изјава и предупредување: “Сите имаме причина за страв, сите ние сме ранливи земји“
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во изјава порача дека Европа се соочува со обновување на исламскиот тероризам и дека сите европски земји се ранливи.
„Тоа повторно го видовме вчера во Брисел! Сите европски земји се ранливи“, порача Емануел Макрон на прес-конференција во Тирана по посетата на соседна Албанија.
Тој вели дека има извесно враќање на исламскиот тероризам, пренесуваат француските медиуми.
Емануел Макрон изрази солидарност со Белгија, каде вчера напаѓач, по потекло од Тунис, уби двајца и рани едно лице во предградијата на Брисел.
За потсетување, минатата недела во францускиот град Арас, млад човек по потекло од руската република Ингушетија уби професор и повреди две лица во средно училиште по што во Франција безбедносните мерки беа подигнати на највисоко ниво.