ИСПЛОВИЛЕ 1.200 ТОНИ МРТВИ РИБИ! СТРАШНИ СЦЕНИ НА БРЕГОТ НА ЈАПОНИЈА: „Вакво нешто не сме виделе! (ВИДЕО)

Смртта на огромно количество риби, која испливале на брегот , се случила во Јапонија , а властите се обидуваат да утврдат што точно ја предизвикало.

Претходно овој месец, околу 1.200 тони сардина и скуша загинаа, со неверојатни сцени пријавени во близина на градот Хакодате и на други места.

Како што пишува Гардијан, локалните рибари се обидуваат да ги соберат угинатите риби, бидејќи стравуваат дека остатоците може да и наштетат на морската средина.

– Никогаш не сме виделе вакво нешто . Се прашувам дали се менува морскиот екосистем – изјави рибарот Мајничи Шимбун кој работи на овие простори веќе 25 години.

Експертите шпекулираат дека рибата се насукала откако предаторите ја бркале до исцрпеност, иако масовно изумирање се случува и кога има нагло опаѓање на температурата на водата.

– Причината засега е непозната. Планираме да ја испитаме водата во тие области и да утврдиме што се случило – изјави претставник на Микине Фуџивара за локалните медиуми.

Апелира до населението да не консумира и продава мртва риба.