Испратила 4 апликации за работа, а потоа сфатила зошто никој не одговорил: Поради нејзината грешка сите умираат од смеење

“Бев во шок“, вели Клер, која студира филозофија и психологија

Клер Шмит планирала да се вработи после дипломирањето подоцна оваа година, па испратила апликации за работа на четири адреси.

За неа беше невообичаено да не добие никаков одговор – позитивен или негативен, а потоа за малку ќе заплачеше кога сфати што направила.

Таа својата грешка ја нарече „ глупава“, пренесува New York Post.

“Бев во шок“, вели Клер, која студира филозофија и психологија.

Сè започна кога таа „сурфаше“ на Интернет и наиде на фотографија од поп ѕвездата Мајли Сајрус , но од нејзините помлади денови.

На сликата пејачката стои покрај коњ, а Клер мислела дека е смешно и решила да го зачува во посебна папка. Тогаш настанал проблем за кој за жал таа не била свесна.

„Ја видов сликата и наместо да биде зачувана во папка – ја вметнав во моето CV. Заврши на втората страна, па не забележав. Претходно се средив и бев презадоволна“, објаснува таа.

Кога го видела неверојатниот гаф за малку не пуштила солза, особено затоа што не е фан на споменатата пејачка.

„Немаше начин да се исправат работите“, рекла таа.

Многу корисници на социјалните мрежи на шега ја коментираа необичната ситуација, а некои понудија „да ја вработат девојката“.

Сепак, таа брзо сфати дека „само луѓето коментираат за Тикток“ и дека нема причина да биде среќна.

Сама ја поминала целата драма, а кога го известила семејството – и тие почнале да се смеат. Клер научила голема лекција и ги предупредува луѓето да бидат внимателни кога ги средуваат работните документи.