Испраќањето на течен гас е прекинато

Катарската државна компанија „Катар енерџи“, вториот најголем извозник на течен природен гас (ЛНГ) во светот, престана да испраќа танкери со гас преку Црвеното Море.

Иако испораките престанаа, производството продолжува, изјави за Ројтерс високо поставен анонимен извор

Изворот изјави за британската агенција дека најмалку четири танкери со катарски ЛНГ биле приведени во текот на викендот по минатонеделните воздушни и поморски напади врз Јемен од страна на Соединетите Американски Држави и Велика Британија како одговор на нападите на Хутите врз бродовите во Црвеното Море.

„Тоа е пауза за да се добијат безбедносни совети, ако преминот на Црвеното Море продолжи да биде небезбеден, ќе одиме преку Кејп Добра надеж“, додаде изворот на Ројтерс.

Минатата година, според податоците на лондонската агенција LSEG, Катар испорача повеќе од 75 милиони метрички тони течен природен гас, од кои 14 милиони тони беа испорачани на клиентите во Европа и 56,4 милиони тони на клиентите во Азија.