Истакнат руски политичар го повика Илон Маск да се кандидира за претседател на САД: “Треба да ја искористи историската шанса“

Пратеникот на Државната Дума (Собрание) од Крим, Михаил Шеремет, го повика американскиот претприемач и милијардер, Илон Маск, да не пропушти историска шанса и да се кандидира за претседател на САД.

Илон Маск е разумен политичар и почитуван бизнисмен. За да се обиде да го промени нашиот несовршен свет на подобро, не треба да дава изјави кои не можат да влијаат на меѓународната ситуација. Тој треба да ја искористи историската шанса, да покаже карактер и амбиции и да се кандидира за претседател на САД“, вели Михаил Шеремет.

Илон Маск
Илон Маск

Американскиот бизнисмен има шанса да го врати ‘украдениот сон’ на Соединетите Американски Држави, кои веќе немаат демократија“, вели Михаил Шеремет, кој е убеден дека американскиот народ и целиот свет тогаш ќе го слушнат неговиот глас и ќе ги поддржат мировните предлози.

Имено, администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, сака да го разгледа планот за Украина кој претходно го предложи Илон Маск, напиша претходно на социјалните мрежи милијардерот Дејвид СаксИлон Маск истакна дека доколку планот што го предложил во 2022 година бил усвоен, многу животи би биле спасени.

Планот на Илон Маск вклучува уште едно гласање во новите региони на Руската Федерација (Донбас, Херсон, Запорожје), но овој пат под надзор на ОН. Тој, исто така, предлага Крим да остане формален дел од Русија како што беше од 1783 година, како и да се гарантира снабдувањето со вода на тој полуостров и, се разбира, неутралниот статус на Украина.