ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА КИНА! Државата го испраќа првиот цивил во Вселената – ова е нов чекор, а еве кој е тој и што ќе прави
Кина во вторник ќе испрати цивилен астронаут во вселената за прв пат во својата историја во мисија со екипаж до вселенската станица Тиангонг, што е нов чекор во продолжувањето на нејзината програма за истражување на вселената.
„Астронаутот Гуи Хаичао е експерт за носивост и професор на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Пекинг“, изјави Лин Ксичијанг, портпарол на Кинеската вселенска агенција за екипаж, на прес-конференција во понеделникот.
Досега сите кинески астронаути кои полетале во вселената биле членови на Народноослободителната Армија. „Гуи Хаичао ќе биде „одговорен за управување со товарот во орбитата и за истражување на вселената“, додал портпаролот. Цивилниот астронаут ќе лета во вселената заедно со командантот на мисијата „Шенгжу-16“ – Јинг Хаипенг и астронаутот Жу Јангжу.