Историски потег: Саудијците ја отвораат првата продавница за алкохол, еве кој ќе смее да купува пијалоци

Саудиска Арабија се подготвува да ја отвори својата прва продавница за алкохол во главниот град Ријад, која ќе опслужува исклучиво немуслимански дипломати, изјави денеска неименуван извор запознаен со плановите.

Во документот, кој изворот го доставил до Ројтерс, се наведува дека корисниците ќе мора да се регистрираат преку мобилна апликација, да чекаат одобрение од Министерството за надворешни работи и да ги почитуваат месечните квоти кога станува збор за дозволената количина на алкохол.

Новата продавница ќе биде лоцирана во Дипломатскиот кварт на Ријад, кварт во кој престојуваат амбасади и дипломати и кој е „строго ограничен“ за немуслимани.

Не е јасно дали другите немуслимани кои не се дипломати ќе имаат пристап до алкохол, иако повеќето имигранти кои живеат во кралството се од други земји со мнозинско муслиманско население, според Ројтерс.

Саудиската државна агенција Arab News оваа недела објави дека владата вовела нови ограничувања за увоз на алкохол во дипломатските пратки, што може да ја зголеми потребата за нова продавница.

Саудиска Арабија има строги закони против консумирање алкохол и луѓето кои го користат може да бидат казнети со стотици удари со камшик, депортација, парични казни или затвор.

Како дел од реформите, камшикувањето во голема мера беше заменето со затвор, додека алкохолот досега беше достапен само преку дипломатска пошта или на црниот пазар.