Истражување: 42 отсто од граѓаните би ја напуштиле Македонија

42 отсто од граѓаните на Северна Македонија би ја напуштиле земјата доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност за заминување покажале младите и оние со високо образование – факултет, покажуваат резултатите од истражувањето на меѓународната асоцијација Галуп, пренесува ТВ21.

Процентот на граѓани кои сакаат да ја напуштат државата е поголем од светскиот, кој изнесува 36 проценти. Ако, пак, ги погледнеме земјите од регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеговина, каде 48 отсто се изјасниле дека ќе заминат во странство, во Грција, каде оваа процентот е 40, додека на Косово 39 отсто.

За помал процент, под светскиот просек, е Хрватска, каде што 35 отсто од испитаниците се изјасниле дека би се иселиле, Бугарија со 25 и Словенија со 21 отсто, тие се пониски од светскиот просек. Истражувањето не е спроведено во Србија и Албанија.

Анализата на резултатите од истражувањето покажува дека главен мотивирачки фактор за иселување е просечниот приход во државата, односно колку е поголем приходот, толку е помала желбата за заминување и обратно.

На глобално ниво беа анкетирани вкупно 54.329 луѓе. Во Р. Анкетирани се 800 луѓе на возраст од 18+, заклучно со август 2022 година. Истражувањето има маргина на грешка од +/- 3,5 проценти, со ниво на доверба од 95 проценти.