Исчезнаа 9 рудари! Свлечиште во турски рудник, ангажирани 400 спасувачи! Погледнете го моментот на колапсот! (ВИДЕО)
Девет рудари се водат за исчезнати откако лизгање на земјиштето го зафати рудникот за злато „Анаголд“ во источна Турција, соопшти денеска Министерството за енергетика.
Во соопштението се нагласува дека во тек се операции за спасување на рударите.
Со рудникот лоциран во провинцијата Ерзинчан стопанисува и е во сопственост на фирмата „Лиѓа Маденчилик“.
Компанијата која стопанисува со рудникот во соопштение вели дека „во моментов најважно во ова тешко време е здравјето и безбедноста на вработените и изведувачите“.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за локалните медиуми изјави дека во потрагата по исчезнатите рудари учествуваат 400 спасувачи.
Покрената е истрага за причините за инцидентот.