Кина го повика Израел да ги запре воените операции насочени кон Рафа

– Кина го повика Израел, кој е обвинет за геноцид, што поскоро да ги прекине планираните воени операции насочени кон градот Рафа на југот на Појасот Газа, со цел да се спречи уште поопасна хуманитарна катастрофа.

Во соопштението на МНР се наведува дека Кина внимателно ги следи настаните во Рафа и ги осудува дејствата против цивили што го прекршуваат меѓународното право.

„Го повикуваме Израел да ги прекине воените операции колку што е можно поскоро, да ги вложи сите можни напори за да се избегнат невини цивилни жртви и да се спречи разорна хуманитарна катастрофа во Рафа“, се вели во соопштението.

Во неделата израелската армија одобри план за копнена офанзива врз Рафа.

Белата куќа, исто така, во средата предупреди дека израелската офанзива врз Рафа „би била катастрофа“ за Палестинците.

По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Израел мора да се воздржи од какви било дејства поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Сепак, израелските сили продолжуваат да го напаѓаат Појасот Газа.

Израел, обвинет за геноцид, за 128 дена уби 28.340 Палестинци во Појасот Газа.