Се разведе, па најде 29 години помлада: Новата девојка на Винсент Касел личи на неговата поранешна сопруга

Францускиот актер и режисер Винсент Касел неодамна беше фотографиран во друштво на својата нова девојка – Нара Баптист.

Папараците ги фотографираа на плажа во Рио де Жанеиро, а како што можете да видите од фотографиите, младенците уживале во заедничките моменти.

Новата девојка на францускиот актер е 29 години помлада од него, а забележлива е сличноста со неговата претходна девојка или подобро кажано, поранешната сопруга.

Да потсетиме, пред неколку недели светот беше изненаден од веста дека францускиот актер се разведува од 26-годишната Тина Кунаки. Иако двајцата се уште не ја потврдиле оваа информација, јасно е дека на нивната шестгодишна романса и дојде крајот.

Покрај тоа што Касел ги избриша сите заеднички фотографии од социјалните мрежи на поранешната сопруга, сега беше фотографиран во друштво на новата девојка – Нара Баптиста (27-годишна манекенка со бразилско и австралиско потекло).

Фото: Profimedia