„НАЈТЕШКО ИСКУСТВО ВО МОЈАТА КАРИЕРА“ Работев на Твитер за Илон Маск, а потоа избегав без разлика на се, ЕДНА РАБОТА ја натера да даде отказ

Откако го презеде Twitter минатата година, Илон Маск направи многу промени, а за само една година компанијата доживеа масовни отпуштања. Меѓу нив имаше луѓе на високи позиции, вклучувајќи ја и поранешната потпретседателка на Твитер за доверба и безбедност, Ела Ирвин.

„Најтешкото искуство во мојата кариера“

Таа се откажа во јуни оваа година, седум месеци откако Маск го презеде Твитер. Ирвин се повлече од својата позиција бидејќи беше јасно дека веќе нема усогласување меѓу нејзините принципи и оние на компанијата на Маск. Сега таа го прекина молкот и го даде првото интервју по отказот.

Твитер, Илон Маск

„Тоа беше апсолутно најтешкото искуство што го имав во мојата кариера“, изјави Ела за NBC News. Таа вели дека Маск донел низа ужасни одлуки кои го влошиле Твитер. „Позади неговите одлуки стојат повеќе емоции отколку што се очекуваше. Мислам дека тоа придонесува за некои импулсивни однесувања“, додаде таа.

Таа откри зошто дала отказ од работата

За одлуките што ги донесе Маск во изминатата година, Ела рече: „Мислам дека имаше многу ситуации во кои би постапила многу поинаку. Некои работи не би ги твитала среде ноќ, а имало и ситуации кога можеше подобро да се изрази“, рече таа.

Маск, вели таа, дошол на Твитер со „стартап енергија“, барајќи брзи одлуки и промени, но таа енергија брзо исчезнала по масовните отпуштања. Последната капка за Ирвин што доведе до нејзина оставка беше кога Маск, наводно, почнал да ја изнесува идејата за отстранување на можноста за блокирање видеа на Х.