ШТО СЕ СЛУЧУВА !? Европската велесила Германија е во се поголеми проблеми – ова е главна тема во медиумите: “Ни две работни места не ни се доволни за да живееме пристоен живот!“

Економската и социјалната криза од 2008 година се уште се одразуваат, па така заштитните механизми за поширокото население ослабнаа, а секако најпогодени се најсиромашните. 

Овој процес се вклопи и во економското слабеење на средната класа. Кога на тоа ќе се додаде неконтролираниот концепт на либерален капитализам во кој нема горна граница за највисоките плати и нема минимум за најниските, ситуацијата е дека некои работници се принудени да работат неколку работни места за да преживеат.

Во изминатите 20 години, повеќе од двојно е зголемен бројот на луѓе кои работат неколку работни места во исто време. Тоа се вообичаено нискоквалификувани работни места каде што се исплаќа само минималниот час загарантиран со закон, што, како што предупредува генералниот секретар на синдикатот Филип Шуман, никако не е доволно: „Со загарантиран час од 12 евра и 42-часовна работна недела, можете да заработите нешто помалку од 2.200 евра бруто. Тоа е само околу 60 отсто од просечниот приход во Германија и не е доволно за живеење“, изјавил тој за Deutsche Welle.

Во Германија вообичаено е платата да се изразува како бруто износ. Од оваа сума се одбиваат придонесите за пензиско и здравствено осигурување, како и црковниот данок и данокот на доход – а зависи и од брачниот статус и бројот на деца. Значи, од 2.200 бруто, платата може да заврши само со околу 1.500 евра.

Големиот чекор на германската коалициска Влада беше да ја зголеми минималната саатница на 12 евра во октомври, но инфлацијата и зголемувањето на цените „изедоа“ речиси сè што се доби од таа одлука. Во Германија речиси 17 отсто од населението, над 14 милиони граѓани, се погодени од сиромаштија, а оваа бројка продолжува да расте поради инфлацијата.

Како што пишува Deutsche Welle, како илустрација за тешкотијата да се врзе крај со крај во Германија, одличен пример е шестчленото семејство од Вецлар. Таткото е машински техничар со полно работно време, мајката Аника работела со скратено работно време како асистент. Бидејќи сè поскапе за повеќе од 20 отсто, иако таткото работел наизменично во три смени, во касата на домаќинството недостигале секој месец по околу 700 евра.

Покрај училиштето, Аника сега работи во градинка, а потоа и како продавачка во пекара. Веќе не знае за слободниот викенд. 

Толку многу работни места истовремено е апсолутно оптоварување и тотално исцрпувачки. Единственото нешто што можеме да направиме е да работиме и да размислуваме како воопшто да ги организираме нашите работни места, да се грижиме за нашите четири деца и сите други обврски“, кажала таа за весникот. На училиште добива по 15 евра на час, но тоа треба да биде двојно повеќе за да им биде доволно за да живеат.

Дури и оние со високо образование мораат да работат повеќе работни места, каде што редовното работно време и слободните викенди се невозможна мисија.

Олаф Карг студирал социјално право и до крајот на минатата година работел само како посредник при склучување станбени кредити. Но поради постојаното зголемување на каматите бизнисот со кредитите практично застанал, па сега работи секакви работи. Како техничар за звук на конференции, како диџеј и како асистент во спасувачката служба. 

Во лоши месеци ми недостигаат неколку илјади евра. Со само една работа би ми фалеле најмалку 1.000 евра“, кажал овој 53-годишен човек и додал: „Не можам да си дозволам да одбијам ниту една работа, дури и во петоци и празници, бидејќи тоа може да значи дека следниот пат ќе ја изгубам“.

Кога ќе се вратам дома по седум часа како инженер за звук, а потоа ќе одам на должност како помошник во службата за спасување на саем, мојот работен ден трае 14, 15 часа. Па дури и сето тоа едвај е доволно. Единствено што е константно е неизвесноста дали ќе се има работа, како да заработам доволно пари, постојаниот стрес и планирањето на напорен работен ден. Но, со овие поскапувања и платите што ги добивам, не знам дали некогаш ќе излезам од оваа ситуација“, рекол тој за споменатиот германски весник.

Иако постоеја законски ограничувања за работа на две работни места, за само опстанок, некои веќе се вклучени во тоа. А со ваква инфлација, поскапувања, слаби покачувања на платите и недостиг на слушање од страна на Владата и работодавачите, може да има повеќе, доколку не се смени парадигмата, пишува весникот.