Исчезнатата подморница останува без кислород денеска во 13:08 часот: „Хипотермијата може да ги спаси патниците“

Хипотермијата може да им помогне на патниците во подморницата, тврди експерт

Американската стража предвидува дека до денес најдоцна во 13 часот и 8 минути ќе се потроши снабдувањето со кислород во подморницата Титан, која исчезна во неделата.

Д-р Кен Ледез, експерт за хипербарична медицина на Универзитетот Меморијал во Сент Џонс, Њуфаундленд, вели дека преживувањето по губењето на кислород кај патниците ќе зависи од метаболизмот на секоја личност.

„Ќе направат се што можат за да ја намалат потрошувачката на кислород, ќе се одморат, ќе се трудат да бидат што е можно поопуштени и смирени“, изјавил Ледез за Би-Би-Си.

Хипотермијата може да им помогне да преживеат

Тој додаде дека преголемата активност може да предизвика зголемување на метаболизмот и да создаде повеќе јаглерод диоксид.

Д-р Ледез истакнал дека „хипотермијата може да биде нивен пријател“.

– Постои можност доколку доволно се оладат и изгубат свест да преживеат. Срцето може да биде многу бавно кога е ладно, рекол тој.

На прашањето дали би можеле да преживеат една недела откако ќе истече кислородот, докторот одговара дека се сомнева во тоа.

„Но, некои можат да преживеат подолго од другите“, заклучил докторот,  пренесува „Телеграф“.

Се сомнева дека подморницата, која исчезна во неделата навечер, се заглавила во остатоците на Титаник додека била на експедиција, дека настанал дефект и изгубила комуникација или дека едноставно изгубила контакт со разводната табла, но сеуште функционира.

Во подморницата има пет лица: британски милијардер, француски пилот на подморница, пакистански бизнисмен и неговиот 19-годишен син и извршен директор на „Oceangate“, компанијата која управува со Титан.