Француската армија уништи четири дронови во Аденски Залив

Француски воен брод и борбени авиони денеска уништија четири борбени беспилотни летала насочени кон силите на европската поморска мисија во Аденски Залив, соопшти француската армија.

  • Овие одбранбени дејствија директно придонесоа за заштита на товарниот брод „Тру конфиденс“ (True Confidence), што пловеше под знамето на Барбадос и беше нападнат на 6 март и во моментов се извлекува, а исто така и за заштита на другите трговски бродови што минуваат низ областа, соопшти француската армија.

Претходно, Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американската морнарица соопшти дека утрово собори 15 беспилотни летала во Црвено Море лансирани од територијата на Јемен, што е под контрола на Хутите.

Соборените беспилотни летала, според ЦЕНТКОМ претставувале „непосредна закана за трговскиот брод, американските поморски сили и бродовите на американските сојузници во регионот“.