Дваесет годишна девојка по потекло од Албанија, синоќа е пријавена за исчезната, откако се одалечила од домот во Скопје каде престојувала, потврдија за МИА опд МВР.
-На 30.03.2024 во 10.30 часот во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, наведуваат од МВР.
Станува збор за Енкеледа Чела од Албанија која во Скопје студирала на Економскиот факултет. Пријавена е за исчезната од нејзините пријатели, откако во петокот вечерта и се губи секаква трага.
Објавен е апел за помош за нејзино пронаоѓање на фејсбук од нејзина пријателска, која наведува дека девојката последен пат била забележана на бензиска пумпа во скопската населба Илинден. Била облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец.