ИСЧЕЗНА МОМЧЕТО АНДРИЈА ВО СРБИЈА: Излегол со другарите и не се вратил, семејството бара помош (ФОТО)
Момчето Андрија Стојиљковиќ (14) исчезна вчера во Ресник околу 19 часот, излегол со другарите и не се вратило дома, а семејството бара помош за што побрзо да се најде.
Тој е висок околу 167 сантиметри, а во моментот на исчезнувањето носел кафен дуксер, црна тренерка и бели патики.
Како што дознаваме, единствената информација до семејството била дека момчето било видено синоќа во трговскиот центар Биг Раковица.
“Информациите се непроверени, сомнително е дали бил тој“, изјави за Курир извор близок до семејството.