Исчезна пред 4 години и никој не може да го пронајде: И семејството се откажа од потрагата по фудбалерот! Како да пропаднал во земја
Џефри Хугерворст не е познато име во фудбалот, иако неговиот талент можеше да го направи таков.
Талентираниот фудбалер беше во Ајакс, Реал и Барселона, но љубовта ја насочи кон алкохолот и дрогата.
Меѓутоа, околу него постои мистерија и никој не знае каде е со години. Дури и семејството се откажа од потрагата бидејќи тој не контактирал со никого речиси четири години, поточно од почетокот на пандемијата на коронавирус.
За него до ден денес ништо не се знае, освен дека извесно време поминал во затвор поради дрога. Имаше дури и информации дека тој починал, но тие брзо беа демантирани.
Џефри е роден во Амстердам, а интересно е што извесно време тренираше со Пеп Гвардиола. На 18 години ја напушти Холандија и се пресели во Шпанија за да напредува во кариерата. Тој, според тренерот, бил „брутален дефанзивец со уникатна градба за неговата возраст“.
По неговиот престој во Реал, тој се пресели во Барселона. Но, таму се оддаде на алкохол. Не пропуштил ниту една вечер без да излезе во ноќен клуб. Најчесто го придружуваше Роналдињо. Проблемот настанал кога почнал да доаѓа на тренинг пијан.
Се ожени и стана татко во 2009 година, а потоа се пресели во градот Луанко, каде што ја продолжи кариерата во аматерскиот фудбал. Во исто време работел како келнер и рецепционер во хотел.
Тој извесно време помина во затвор во Саламанка поради проблеми со дрога.
,,Како да пропаднал во земја“, ги цитира шпанскиот весник „Релево“ зборовите на неговите блиски пријатели.
Тој не е активен на социјалните мрежи од 2018 година, новинарите не можат да го најдат, ниту неговото семејство кое оттогаш се откажало да го бара и веќе не го чека дома.