Куќата во која Бијонсе го поминала детството изгорела на Божиќ

Семејната куќа на светската ѕвезда Бијонсе, во која го поминала своето детство, изгоре вчера, на Божиќ.

Пожарникарите од Хјустон се бореа со огромен пожар во блокот 2400 на улицата Розедејл во раните утрински часови на Божиќ.

Им биле потребни 10 минути да го изгаснат пожарот откако пристигнале пред нејзината куќа три минути по повикот. Брачниот пар кој живее во куќата и нивните две деца во тој момент биле внатре, но за среќа успеале да се спасат и да поминат без повреди.

Не е познато што го предизвикало пожарот во двокатната куќа.

Инаку, во оваа куќа Бијонсе го поминала своето детство, но тие се иселиле од куќата во далечната 1986 година.

Семејството Ноулс, чија најстара ќерка Бијонсе стана меѓународна поп ѕвезда и најнаградуваниот уметник во историјата на Греми, плати 64.000 долари за домот во Хјустон во 1981 година, според ТМЗ.

Тие ја напуштиле куќата во 1986 година.