Италија даде зелено светло за изградба на мост кој ќе го поврзува копното со Сицилија

Тоа е историска одлука, конечна, на која се чекаше повеќе од 50 години, рече Матео Салвини, италијански министер за инфраструктура.

Италијанскиот Сенат доцна синоќа даде конечно одобрение за изградба на мост на теснецот Месина што ја поврзува Сицилија со копното на таа земја.

  • Тоа е историска одлука, конечна, на која се чекаше повеќе од 50 години, рече Матео Салвини, италијански министер за инфраструктура.

Висечкиот мост ќе биде отпорен на ветер и земјотреси, со централен распон од 3,2 до 3,3 километри и висина од 63 метри.

„Колосалниот мост ќе отвори 100.000 работни места и ќе биде еколошко прифатливо здание, рече министерот Салвини.

Десничарската влада предводена од премиерката Џорџа Мелони го оживеа проектот откако многу влади во минатото си поигруваа со идејата, но никогаш не тргнаа на терен.