Италија по вторпат во историјата го освои Дејвис купот

– Италијанската тениска репрезентација го освои Дејвис купот 2023 победувајќи ја вечерва Австралија во финалето. Завршниот турнирот се одржа во Малага, Шпанија.

На последниот ден од натпреварувањето, Италијанецот Матео Арналди го победи Алексеј Попирин, претставник на Австралија (7:5, 2:6 и 6:4), а неговиот сонародник Јаник Синер го победи Алекс Де Минаур во два сета (6:3 и 6: 0).

Немаше потреба да се игра мечот во двојки.

Репрезентацијата на Италија по втор пат во историјата го освои Дејвис купот. Претходно, Италијанците го освоија трофејот во ова натпреварување во 1976 година.