Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот

Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот, потврдија денеска од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Скопје, пренесува МИА.

Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ Скопје, во текот на Божиќните празници на шести и седми јануари, ќе работи со следново работно време. Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од 07 до 21 часот – информираа од оваа јавна здравствена установа.

Оттаму додадоа дека ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.