ИТНА ЕВАКУАЦИЈА: Во авионот откриен куфер полн со РАДИОАКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ

Куфер со радиоактивен материјал „низок интензитет“ бил откриен во авион на „Свис ер“ по слетувањето додека патниците биле во него.

Тимови за итни случаи и специјалисти за радиологија беа повикани на терминалот 1 на аеродромот Ел Прат, кој беше затворен поради „ниско ниво на радиоактивен материјал“.

Патниците кои биле на летот на „Свис ер“ од Барселона до Цирих се ставени во изолација, јавуваат локалните медиуми.

Во меѓувреме, пет работници кои работеле во магацинот кога било откриено излевањето, превентивно биле пренесени во болница.

Портпаролката на каталонската влада Патриша Плаја рече дека нејзината агенција нема докази за „сериозни повреди“

Пожарникарите работат на инцидентот со 13 екипи за да се уверат дека областа е безбедна за јавноста.