Итно е повлечен лак за нокти кој што го сакаат сите жени!

Државниот инспекторат на Република Хрватска (ДИРХ) ги предупреди потрошувачите за лакот за нокти Babe Rich, за кој велат дека претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети супстанции.

Според ДИРХ, во сила е забрана за ставање на производот во промет и уништување на производот.

Лакот е со потекло од Полска, а дистрибутер е RICH COMPANY doo со седиште во Загреб.

DIRH исто така ги советува потрошувачите да престанат да го користат производот.