ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ ВО ПОЗНАТ СИНЏИР СУПЕРМАРКЕТИ: Производ од специјална понуда е повлечен, кој што го купил во никој случај не смее да го јаде!

Познатиот ланец на супермаркети Алди во Германија нарачал итно повлекување на еден од производите што се наоѓал во нивната специјална понуда.

Станува збор за бренд „Le Gusto“ кој се продавал како „специјална понуда“. Болоњезе сос за кој постои сомневање дека содржи опасни парчиња стакло.

Менаџментот на ланецот Алди објави дека го повлекува „Le Gusto Bolognese Gewürz“, болоњски зачин од 35 грама со рок на траење од 06.01.2025 година, на кој пишува на десната страна на етикетата.

Стана крајно опасно бидејќи освен исекотини може да предизвика и внатрешно крварење, потсетуваат германските медиуми.

Кој го купил овој производ може да го врати и без фискална сметка, а парите ќе си ги вратат.